Властите во Техеран тврдат дека собориле беспилотно летало РК-170 Сентинел.
Иран тврди дека соборил беспилотно летало РК-170 Сентинел во близина на својата на источна граница. Ова се некои од фактите за тој вид:
- Го произведува компанијата Локхид Мартин, а го користат воздухопловните сили на американската армија.
- Воздухопловните сили го опишуваат како „беспилотен воздухопловен систем за мониторинг во низок лет“ што може да пружи извидувачки и набљудувачки податоци.
- Дизајнирано да избегнува непријателски радари за време на набљудувачките летови. Според новинските извештаи, САД користеле ваков вид на летало во операциите во Авганистан и Пакистан.
- Одбранбени стручњаци наведуваат дека ознаката РК значи дека леталото не е вооружено.