Нема опасност од итна иранска нуклеарна закана

Весникот наведува дека владини претставници веруваат дека ваквата проценка ги намалува шансите Израел превентивно да ги нападне иранските нуклеарни објекти

Њујорк тајмс го цитира вишиот советник на претседателот Обама за нуклеарни прашања Гери Самор дека на Техеран ќе му биде потребно најмалку една година да го претвори нуклеарниот материјал во оружје, додавајќи дека една година е мошне долг временски период.

Весникот наведува дека владини претставници веруваат дека ваквата проценка ги намалува шансите Израел превентивно да ги нападне иранските нуклеарни објекти во текот на следната година, како што има наговестено дека може да стори.

Њујорк тајмс пренесе изјава од официјален претставник кој верува дека мали се шансите Израел да изврши превентивен напад врз иранските нуклеарни постројки следната година – нешто што Тел Авив претходно навестуваше како можност.

Израел гледа на Иран со нуклеарно оружје како закана за неговото постоење поради неколкупати јавно изречените изјави од ирански лидери за исчезнување на еврејската држава од мапата на светот.