Миноски: Изборите на 11-ти декември треба да донесат стабилност

Your browser doesn’t support HTML5

Миноски: Изборите на 11-ти декември треба да ја внесат земјата во постабилен економски период

Политичката криза се одразува врз странските и домашните инвестиции – коментира министерот за финансии на Македонија

Политичката криза во Македонија се одразува врз странските и домашните инвестиции и одржувањето на изборите на 11-ти декември треба да ја внесат земјата во постабилен период – коментира министерот за финансии Кирил Миноски, кој беше гостин во Гласот на Америка по повод годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон.

Тој се осврна на проекциите од буџетот во 2017-та, за мерките за намалување на невработеноста, но и за странските директни инвестиции.