Сервер: Момент на неизвесност, но и можност владата да се обиде да обезбеди гласови за уставните измени

Your browser doesn’t support HTML5

Сервер: „Ако не гласаш не добиваш ништо, само ако гласаш можеш нешто да добиеш“

„Ако не гласаш не добиваш ништо, само ако гласаш можеш нешто да добиеш“, коментира американскиот аналитичар.

Даниел Сервер од Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон и добар познавач на Балканот го коментира исходотот на референдумот - „Не е целосно неочекуван, но секако не и` идеален“.

Со оглед на натамошната неизвесниот на Западниот Балкан и растечкото руско влијание, што е следно за иднината на Македонија:

„Зависи од тоа што ќе стори влада во Скопје. Се отвора можноста од понатамошни руски обиди за дестабилизација со провоцирање на односите меѓу Македонците и Албанците. Сега е момент на неизвесност на Балканот, но и можност владата да се обиде да обезбеди гласови за усвојување на уставните измени. Да почекаме, да видиме дали Заев ќе успее во тоа“, заклучи Сервер.

По референдумот, и власта, но и опозицијата се прогласија за победници за исходот. Аналитичарот Сервер мисли поинаку.

„Ако не гласаш не добиваш ништо, само ако гласаш можеш нешто да добиеш. Но, тоа не важи на Балканот. Референдумот е советодавен, резултатот не е идеален, но сега на потег е премиерот Заев - што ќе направи во Парламентот“, коментира професорот на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Според Сервер, исходот од референдумот ја забави идејата за евроатлантска интеграција на регионот: „Имаше добар моментум од влезот на Црна Гора во НАТО, и очекувањата за Македонија следната година. Сега, нема сомневања дека дел од моментот е поминат. Македонија, како и другите од Балканот, се како возење со велосипед. Ако не движиш со педалите, ќе паднеш“.

Што понатаму?

„Најдобро за Македонија во овој момент е да го усвои Договорот од Преспа, иако е јасно дека има голем број Македонци кои не се согласуваат со мене. Има знаци дека делови од опозицијата, може да го поддржат Договорот“, наведува тој.

Сервер заклучува дека ваквата неизвесност во Македонија, по референдумот, оди во корист на Москва.

„Путин јасно се обидува да создаде неволји на Балканот, кои би воделе до насилство. Треба да почекаме кои ќе биде следни чекори на премиерот, опозицијата, зашто следи нерамен пат“, истакна аналитичарот од Вашингтон.