Најновиот сој од коронавирусот омикром се шири забрзано низ светот. Денеска Индија започна програма за вакцинација на тинејџери на возраст меѓу 15 и 18 години. Во оваа земја се регистрирани 33.750 нови случаи на Ковид во изминатите 24 часа.
Франција воведе неколку нови ограничувања за патување во странство со оглед на зголемувањето на бројката на новозаразени. Како дел од новите ограничувања, масовните собирања на затворено се ограничуваат на 2000 и 5000 на отворено.
Јужнокорејската новинска агенција објави дека во земјата се регистрирани пет смртни случаи.
„Новиот сој омикрон е меѓу нас“, објави израелскиот премиер Нафтали Бенет во телевизиско обраќање, при што најави четврта доза од вакцините против Ковид за постарите луѓе и медицинските работници.
Истражувачкиот центар Џонс Хопкинс објави дека има рекордни 290 милиони случаи на заразени луѓе во светот, и повеќе од 5,4 милиони жртви.