Индија ја надмина бројката од 4000 смртни случаи од Ковид-19, втор ден по ред.
Во последните 24 часа се регистрирани и 362.727 ново потврдени случаи заразени лица.
Бројката на новозаразени во втората најнаселена земја во светот создаде хуманитарна катастрофа. Болниците се преполнети, и има недостиг од боци со кислород за лекување на најпогодените.
Експертите стравуваат дека вистинската бројка на починати е многу повисока од официјалните податоци од владата во Њу Делхи.
Кризата во оваа јужно-азиска нација е предизвикана од недостиг на вакцини, но и суров материјал и состојки за нивно производство, иако Индија е дом на Институт Серум, најголемиот производител на вакцини во светот. Засега, само три проценти од 1,3 милијарди жители се целосно вакцинирани.
Но, има и добра вест од главниот град каде стапката на ново заразени има опаѓање во соседствата околу Њу Делхи, од 35% на 14%, во последните 15 дена.