Претседателот на САД Доналд Трамп на церемонија во Белата куќа, ја номинираше Кирстјен Нилсен да го води Одделот за домашна безбедност.
Таа во моментов е заменичка на шефот на Кабинетот на Трамп, Џон Кели. Претходно, кога Кели ја извршуваше функцијата секретар за Одделот за домашна безбедност, Нилсен беше одговорна за Кабинетот.
Нилсен треба да биде потврдена од Сенатот, каде контролата ја имаат републиканците. Нилсен важи за блиска соработничка на Кели и експерт од областа за национална безбедност.
За време на прифаќањето на номинацијата, Нилсен изрази надеж дека ќе ги оправда очекувањата за довербата од американскиот народ.
Белата куќа соопшти дека Нилсен претходно била политички директор во администрацијата за безбедност во сообраќајот и дел од Советот за домашна безбедност за време на администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш - помладиот.