Можни санкции од САД за кинески хакери

Одлуката на администрацијата се очекува мошне брзо

САД се подготвуваат за одговор за кинеската кибернетска шпионажа со воведување санкции врз поединци и компании коишто имале корист од кражба на трговски тајни, објави Вашингтон пост.

Цитирајќи неименувани официјални лица од администрацијата на претседателот Обама, весникот објави дека САД се` уште не одлучиле дали да воведат санкции иако таквата одлука се очекува мошне брзо.

Кина долго време беше фокус на обвинувањата за хакерски напади врз американски компании и владини цели. Во мај САД обвинија пет кинески армиски лица дека извршиле економска шпионажа врз американски компании. Кина ги отфрли обвинувањата.