Повеќе од 100 авганистански бегалци пристигнаа во Грција

Евакуираните бегалци ќе останат во Грција се додека не бидат финализирани деталите за нивно префрлање во други држави, вклучувајќи го САД и Канада.

Авион со над 100 Авганистанци пристигна во северна Грција.

Според грчки официјални лица, во групата од 119 лица се наоѓа и поранешниот министер за погранични и племенски прашања на Авганистан Мухабулах Сабит, како и адвокатот кој застапуваше обвиненија против талибанските борци, и бранеше активисти за женски прашања и судијки.

Евакуираните бегалци ќе останат во Грција се додека не бидат финализирани деталите за нивно префрлање во други држави, вклучувајќи го САД и Канада.

Од преземањето на власта во Авганистан од страна на Талибан во август, Грција досега прифати околу 700 Авганистанци.

Некои информации се од Асошиејтед Прес.