Конгресот во трка со времето да избегне делумно владино затворање

Деталите се` уште не се финализирани, но наводно ќе бидат вклучени и погранични безбедносни мерки и реформи во имиграциониот систем

Конгресот е во трка со времето да усогласи меѓупартиски имиграционен договор – два дена пред евентуално делумно владино затворање.

Надежта меѓу законодавците од двете партии да гласаат за имиграционен пакет како дел од продолжување на владиното финансирање поле бледнеат откако претседателот Трамп употреби навредлив речник за потребата на САД да прифатат мигранти од Хаити и африканските земји.

Предлогот, за што преговараат клучните републикански и демократски законодавци од крајот на лани, треба да опфати решение и за судбината на стотици илјади млади недокументирани мигранти кои биле донесени во Америка како деца. Деталите од пакетот се уште не се финализирани, но наводно ќе бидат вклучени и погранични безбедносни мерки и реформи во имиграциониот систем.

Барем досега, демократските законодавци се согласија неколкупати за привременото финансирање на владата и да не заземат поцврст став за решение на лицата опфатени со ДАКА. Останува нејасно дали ќе го сторат истото и до петок, кога, ако не се гласа, ќе има делумно затворање на владата.

„Не треба да гласаме за делумно затворање на владата, рече демократскиот сенатор од Колорадо Мајкл Бенет од Колорадо за Ен-Би-Си. “Треба да почнеме да работиме за американскиот народ, кој не испратил во Вашингтон, изјави тој.

Во меѓувреме, администрацијата на претседателот Трамп сигнализираше дека останува определена за имиграционите реформи.

Трамп го поврзува проширувањето на програмата ДАКА, за која се залагаше неговиот претходник Обама, со финансирањето на ѕидот што тој го изградил долж границата на САД и Мексико.

Изградбата на ѕид за да се спречи понатамошната илегална имиграција, беше ветувањето на Трамп за време на претседателската кампања.

Демократите бараат програмата ДАКА да биде одделно прашање од градењето на ѕидот.

Трамп во септември минатата година потпиша извршна наредба со која се става крај на ДАКА програмата, но му дозволи на Конгресот до 5-ти март да го разгледа уште еднаш по ова прашање.