Отпуштен инженер на Гугл за меморандум за полова нееднаквост

Компанијата обвини дека креирал негативен стереотип за фирмата

Американскиот технолошки гигант Гугл отпушти инженер кој напишал меморандум со кој ја охрабрува компанијата да ги третира вработените како индивидуалисти, а не како уште еден нов „вработен во групата“, при што го поттикна прашањето за ефикасноста на програмата за почитување на различноста во компанијата.

Во меморандумот на 10 страници, Џејмс Дамор напиша дека се` помалку жени се вработувани во областа на технологијата и преферираат работни места во областа на „социјални и применети уметности“, додека мажите претпочитаат компјутерско програмирање, а всушност се работи за биолошки причини.

Извршниот директор на Гугл Сундар Пинчаи, го отфрли меморандумот и рече дека креирал негативни стереотипи на работните места во фирмата.

Инженерот Дамор побара заштита од Синдикатот и го обвини Гугл дека се обидел да го замолчи за јавно искажаното мислење.