„Глобал зиро“ бара намалување на нуклеарниот арсенал на САД

Група за контрола на нуклеарното вооружување ги повикува САД драстично да ги намалат своите залихи на ова оружје.

Експертска група наречена Глобал зиро издаде соопштение во кое ги повикува САД да го намалат актуелниот нуклеарен арсенал на 900 боеви глави, што е големо намалување од актулните 5.000. Во документот се повикува на елиминација на сите интерконтинентални боеви глави базирани на копно во замена за арсенал распореден или преку подморници или преку бомбардери со долг домет.

Панелот го предводи американскиот генерал во пензија Џејмс Картврајт, поранешен заменик началник на американскиот генералштаб. Тој вели дека актуелните нуклеарни залихи на САД се застарени и потсетуваат на периодот на Студената војна, што не одговара на актуелните закани на 21-от век.

Панел-групата додава дека намалувањето на нуклеарните залихи може на САД да им спаси и до 100 милијарди дилари во период од 10 години, во време кога Пентагон се соочува со големи буџетски скратувања.

САД и Русија се согласија да го намалат својот нуклеарен арсенал на 1.550 стратешки боеви глави до 2018-та година, како што беше побарано со СТАРТ, новиот договор меѓу двете земји потпишан во 2009-та година. Претседателот Барак Обама разгледува различни опции, вклучувајќи го задржувањето на договореното ниво со новиот договор или намалување на бројот на боеви глави на 300 до 400. Извештајот на експертската група предлага 450 боеви глави на готовс, со еднаков број во резерва.