Германскиот суд го осуди на доживотна казна затвор Русинот Вадим Красоков поради убиството на Кагошвили. Судот се произнесе дека руските власти му обезбедиле лажен идентитет и други ресурси да ги изврши злоделото.
Германија протера двајца руски дипломати затоа што германскиот суд се произнесе дека стојат зад организирање на убиството на германски државјанин од чеченско потекло во Берлин, во 2019-та.
Зелимкан Торике Кагошвили беше застрелан во парк во Берлин.
Германскиот суд го осуди на доживотна казна затвор Русинот Вадим Красоков поради убиството на Кагошвили. Судот се произнесе дека руските власти му обезбедиле лажен идентитет и други ресурси да ги изврши злоделото.
Шефицата на германската дипломатија Аналена Беарбок итно го свикала рускиот амбасадор во Берлин на разговори за да информира дека ќе бидат протерани двајца дипломати од руската амбасада.
Во декември 2019-та, рускиот претседател Владимир Путин го нарече Кагошвили, „убиец и терорист“.