Улиците и популарните обележја и знаменитости ширум светот се празни поради ограничувањата поврзани со ширењето на коронавирусот.
Освен Кина, Италија, САД и Германија се меѓу нациите од Г-7 коишто се најтешко погодени.
Преку видео-конференција синоќа, министрите за надворешни работи на Групата седум (Г-7) се заложија за соработка во борбата против глобалната пандемија.
Државниот секретар Мајк Помпео изрази подготвеност на Вашингтон да соработува со Пекинг.
„Ова е глобална пандемија. САД сакаат да соработуваат со секоја земја, вклучувајќи ја и Кина, со цел да спасат животи и да спречат ширење на вирусот, но и да ги закрепнат економиите коишто се на погодени од пандемијата“, изјави Помпео.
Кина веќе испрати медицинска опрема за Италија, чекор кој се толкува како обид за наметнување како светска сила и преземање на приматот од САД.
Односите меѓу САД и Кина долго време бележат надолна линија уште пред пандемијата. Аналитичарите велат дека светската криза со коронавирусот само дополнително ги влоши релациите.
Шефовите на дипломатии од Г-7 не издадоа заедничко соопштение, делумно поради разликите во именувањето на коронавирусот како „вирусот од Вухан“. Земјите од Г-7 повика на заеднички напори за пронаоѓање вакцина, враќање на државјаните кои се заглавени во странство и заштита на глобалната економија.