Северна Македонија останува „делумно слободна“ земја, но е подобро рангирана од лани во најновиот извештај на „Фридом Хаус“ со 63 поени, 4 повеќе во однос на 2019-та година. Државата има 24 од 40 можни поени во делот на политичките права и 39 од 60 во делот на граѓанските слободи.
Во извештајот се наведува дека состојбата со демократијата и слободите на глобално ниво има тренд на влошување. Од згаснувањето на демонстрациите во Хонг Конг кои што протестира против кинеската власт, преку репресијата врз демонстрантите во Иран кои што бараат промени во Исламската република, извештајот на Фридом хаус наведува дека режимите користат брутална сила за да ја задржат контролата. Загрижувачки трендови се регистрирани и во некои напредни демократии.
„Демократијата е во неволја. Оваа година регистриравме напад на правата на еднаквост и правата на ранливите групи и во демократиите и во бруталните режими. Сето тоа придонесе 14-та година по ред да има опаѓање на глобалната демократија“, изјави Сара Репучи, потпретседателка на Одделот за истражување и анализи при Фридом хаус.
Таа истакна дека се повеќе влади целат врз религиозни и етнички малцинства.
Според неа, репресивни општества како Кина, користат методи на надгледување најпрво на помали размери, пред да се прошират во контролирање на поголема маса луѓе. И покрај тоа, жителите на Хонг Конг покажаа определба за борба за слобода.
Репучи изрази надеж дека граѓаните ќе го кренат гласот, и иако годишниот извештај на Фридом хаус покажа дека во повеќето државите имаат опаѓање на слободата на бројни полиња, отколку државите кои што имаат унапредување на слободите.