Фејсбук ќе ја претстави Либра – дигиталната валута

FILE - Stickers bearing the Facebook logo are pictured at Facebook Inc's F8 developers conference in San Jose, California, April 30, 2019.

Популарната социјалната мрежа претстави амбициозен план за дигиталната валута, со 28 корпоративни партнери, вклучувајќи го Пејпал, Спотифај, Виза и Мастеркард.

Гигантот од социјалните медиуми Фејсбук планира да лансира крипо - валута наречена Либра следната година во време кога го проширува начинот на електронско и глобално плаќање.

Популарната социјалната мрежа претстави амбициозен план за дигиталната валута, нарече Либра, со 28 корпоративни партнери, вклучувајќи го Пејпал, Спотифај, Виза и Мастеркард.

Либра се планира да се појави за шест месеци до една година и е наменета за луѓе коишто живеат надвор од финансискиот систем, но имаат пристап до паметен телефон.

Фејсбук се надева да собере 1 милијарда долари за да привлече повеќе партнери.

Во моментов, компанијата Фејсбук е под федерална истрага за начинот на спроведување на правилата за приватност за корисниците, а во Конгресот се одржуваат неколку распити на оваа тема.