Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ЕУ е подготвена на дискусија со американскиот претседател Доналд Трамп за тарифите за алуминиум и увоз на челик, но коментираше дека можноста за воведување реципрочните мерки мора да бидат на преговарачка маса.
„Ние бараме да бидеме трајно изземени од мерките на САД, но и како да ги намалиме меѓусебните трговски бариери“, нагласи Меркел на отворањето на самитот на ЕУ во бугарскиот главен град Софија.
Претседателот Трамп воведе зголемени тарифи за извоз на челик и алуминиум во САД во март, но привремено ги иззема од ваквата мерка членките на ЕУ до 1-ви јуни.
ЕУ ги отфрли тврдењата на претседателот Трамп дека тарифите се неопходни за американската национална безбедност.
Наместо тоа, ЕУ на нив гледа како протекционистички мерки за зголемување на профитите за американските бизниси.