Околу 25 жители од мошне оддалечениот остров Истер, кои што беа одделени повлеќе од шест месеци од најблиските поради пандемијата со коронавирусот, конечно ќе може да се вратат дома неделава со француски воен авион.
Групата луѓе беше заглавена на Тахити во француска Полинезија. Многумина пристигнаа во март и планираа да останат само неколку недели, но беа отсечени кога вирусот се прошири во светот и летовите беа откажани.
Втора група од околу 15 жители од Тахити исто така мораа да останат со месеци на Островот Истер поради откажувања на летови.
Француските власти објавија дека ќе користат авиони Ербас 400М за да ги префрлат двете групи на луѓе, и оти ќе бидат потребни по околу шест часови лет, во еден правец.
Исто така именуван како Рапа Нуи, Островот Истер се наоѓа на морската територија на Чиле, ѝ е лоциран на половина пат меѓу Полинезија, Јужниот Пацифик и Јужна Америка.
Француското министерство за надворешни работи објави дека дало „зелено светло“ за спасувачката мисија по барањето од чилеанските власти, и оти операцијата е во координација со француската амбасада во Сантијаго, Чиле.
Авионот во моментов се наоѓа во Тахити.