Денеска е светски ден на планетата Земја. 50-тата годишнина од почетокот на одбележувањето на Денот на планетата на 22-ри април. Американците во 1970-та, генерално имаат развиена свест за опасностите од загадувањето на воздухот и водата. Авторката Рејчел Карсон во книгата “Silent Spring” уште во далечната 1962-ра се осврна на опасностите кои ги предизвикуваат пестицидите.
Фотографиите од големите американски метрополи како Лос Анџелес, задушени во смог, беа на насловните страници од весниците.
Во јануари, 1989-та при излевање на нафта долж крајбрежјето околу Санта Барбара во Калифорнија, беа убиени илјадници птици, делфини и морски лавови.
Конечно, по неколку години се огласија и активистите – загадените реки и метрополите со смог, повеќе не се шега.