Вилсон: Исходот од изборите, важно е да биде согласно уставот и парламентарните процедури

Your browser doesn’t support HTML5

Вилсон за ситуацијата по изборите во Македонија

Извршниот потпретседател на Атлантскиот совет вели дека ова се важни избори, кои треба да ја рестартираат земјата и да ја вратат на патот

„Ова беа многу тесни избори, и кога се работи за политика следат напнати денови, но верувам дека ќе биде составена влада, опозицијата ќе биде Собранието, независно кој ќе победи. Клучна улога ќе имаат албанските партии во составувањето на владата. Независно од исходот од изборите, важно е да се` да биде согласно уставот и парламентарните процедури и да биде базиран врз волјата на народот и изборниот процес. Кој и`да добие мандат да формира влада, има одговорност да ја обедини земјата, и` да ја врати на патот кон евроатланска интеграција“, рече Вилсон, кој најави дека ќе ја посети Македонија на крајот од јануари.