Кина ја надминала Франција и стана втор пазар за пурите Хабанос. Број еден пазар во светот и натаму е Шпанија.
Познатиот кубанскиот производител на пури Хабанос регистрираше рекордна година на производство за време на фестивалот што го организира компанијата во главниот град Хавана.
Официјален претставник од компанијата потврди дека 2018-та била рекордна година со инкасирани 537 милиони долари во продажба, што е пораст од 7 проценти споредено со 2017-ма.
Кина ја надминала Франција и стана втор пазар за пурите Хабанос. Број еден пазар во светот и натаму е Шпанија.
Фестивалот на пури Хабанос каде се презентираат 27 брендови од познатиот кубански тутун се одржува од 18 до 22 февруари во Хавана.