Висока цена на прекумерното конзумирање на алкохол

Висока цена на прекумерното конзумирање на алкохол

Студијата за цената на прекумерното конзумирање алкохол во САД е објавена во Американскиот журнал за превентивна медицина.

Истражувачите нашле дека најголем придонесувач на цената на прекумерното пиење алкохол не е изгубената продуктивност колку што е големата лепеза на хронични болести, вклучувајќи цироза на на црниот дроб. Ова го објаснува д-р Томас Фриден, раководител на Американскиот центар за контрола на болести, што е изработувач на новата студија.

„Рак на црниот дроб и грло, висок крвен притисок, ментални проблеми, повреди причинети од собраќајни несреќи, несоодветна грижа за децата, домашно насилство, самоубиства. Сето ова е резултат на прекумерно конзумирање на алкохол“, вели Фриден.

Студијата се фокусира на прекумерно пиење, што значи повеќе од еден алкохолен пијалок дневно кај жените, повеќе од два пијалока кај мажите и какво било конзумирање на алкохол од страна на бремени жени и малолетници.

Одвоена студија, пак, сугерира дека умереното конзумирање на алкохол честопати може да има и позитивна страна.

Само за споредба, трошоците од „тешко пиење“ за 2006-та година се зголемиле за 40 милијарди долари споредено со трошоците во слична студија од 1998-ма година. Роберт Бруер од програмата за алкохол во овој Центарот за контрола на болести и превенција вели дека откритијата може да го потценуваат проблемот. Тој тврди дека цифрите се конзервативни, зашто тие сега нашле дека цената е 223,5 милијарди долари.

Студијата за цената на прекумерното конзумирање алкохол во САД е објавена во Американскиот журнал за превентивна медицина.

Во студијата се опфатени 125 илјади луѓе и таа траела над 30 години.