Легитимитетот на Пауел: Поборник за нераскинливо сојузништво со Европа

Некои креатори на надворешната политика во која Пауел бил инволвиран во 1980-те и раните 1990-ти, се присетуваат на плановите на САД за подготвување на американската одбрана со сојузниците од Европа за евентуален копнен напад од тогашниот Советски сојуз.

Поранешниот државен секретар Колин Пауел кој почина на 84-година возраст по неколку-децениска служба во владата и армијата на САД ги секогаш ги бранеше традиционалните сојузништва со европските нации, велат некои аналитичари.

SEE ALSO: Многу претседатели на САД се потпираа на советот и искуството на Пауел, рече Буш

„Тој беше клучна фигура во исцртување на американската надворешна политика во 1980-ти и раните 1990-те, кога успеавме да ставиме крај на Студената војна, при што беа избришани некои линии кои ја делеа Европа“, се присетува поранешниот амбасадор во НАТО Александар Вершбоу во интервју за руската редакција на Гласот на Америка, кој подоцна ја извршуваше и функцијата на заменик - генерален секретар на НАТО.

Некои креатори на надворешната политика во која Пауел бил инволвиран во 1980-те и раните 1990-ти, се присетуваат на плановите на САД за подготвување на американската одбрана со сојузниците од Европа за евентуален копнен напад од тогашниот Советски сојуз.

Чарлс Раис е поранешен американски амбасадор во Грција и аналитичар за корпорацијата РАНД. Во интервју за Гласот на Америка се присетува на плановите на САД од евентуална советска инвазија - https://www.britannica.com/place/Fulda-Gap

„При планирањето, Пауел имаше големо почитување за сојузништвото со Европејците и со НАТО“, изјави Раис, кој служел како заменик-државен секретар за европски прашања, кога Колин Пауел беше назначен за прв дипломат на САД од претседателот Џорџ Буш во 2001-ва.