Клинтон го честита Денот на независностa на Македонија

Клинтон го честита Денот на независностa на Македонија

Американската државна секретарка истакна дека САД ќе останат партнер и пријател на Република Македонија

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во името на претседателот Барак Обама о граѓаните на САД, го честиташе 8-ми септември Денот на македонската независност.

„Денешниот ден е потсетник за сето она што досега сте го постигнале, но и на предизвиците кои стојат пред вас“, изјави Клинтон во соопштението за медиумите.

Таа подвлече дека САД се горди што ја поддржале Македонија во развојот и транзиција изминативе 20 години. Клинтон наведува и дека САД остануваат определени да и` помогнат на Македонија во напорите за зајакнување на владеењето на правото, подобрување на образовниот систем, во промовирањето на слобода на медиумите и изградбата на поголеми демократски основи во едно мултиетничко општество.

„Додека прославувате со семејството, пријателите и вашите најблиски, секогаш имајте на знаење дека САД се партнер и пријател“, стои во честитката на американската државна секретарка во македонскиот народ по повод 8-ми септември.