Властите во Јужна Калифорнија објавија дека напаѓач застрелал и убил 12 лица при напад во бар.
Thousand Oaks, California
Шерифот на општината Вентура Геоф Дин изјави дека еден од првите полицајци кои што пристигнале на повик во барот во градот Таусенд Оукс бил застрелан кога го соочил напаѓачот.
Подоцна, 29-годиниот ветеран од полицијата им подлегнал на повредите.
Во нападот се повредени многу луѓе, но точната бројка е непозната, зашто голем дел од нив сами се јавиле во болница и се жалеле на повреди.
Во истрагата се вклучени и агенти на ФБИ за да го утврдат идентитетот и мотивот на напаѓачот.
Претседателот Трамп напиша на Твитер дека е целосно брифиран за инцидентот.
https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1060511925883285504
Шерифот Ден рече дека осомничениот е пронајден мртов во барот со прострелна рана, но нејасно е кој пукал во него.
Сведоци ја опишаа сцената како хаотична и оти имало пукотници од сите страни и присутните барале начин да побегнат или да се сокријат од крвавата сцена.