Дете меѓу четворица жртви во масовно убиство во Калифорнија

Насилството во градот Оринџ, југоисточно од Лос Анџелес е трето масовно убиство во нацијата во последните две недели.

Дете е меѓу четворицата жртви на масовното убиство во канцелариски простор во јужна Калифорнија. Петта жртва е во критична состојба, како и напаѓачот, објави полицијата, пренесува Асошиејтед Прес.

Насилството во градот Оринџ, југоисточно од Лос Анџелес е трето масовно убиство во нацијата во последните две недели.

Кога пристигнала полицијата на местото на инцидентот во двокатна зграда, бил отворен оган врз полицајците, а осомничениот е пренесен во болница.

Нејасно е дали осомничениот се застрелал самиот или го застрелале полицајците. Полицијата не објави детали за идентитетот на жртвите, но соопшти дека мајка и дете се критично погодени.

Во твит, гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом го оцени нападот како „ужасен и жален“.