Британските министри бараат ребрендирање на Британија за излезот од ЕУ, но се поделени, како и самите критичари - како државата се гледа себе си` но и` како ја гледаат другите во периодот по пост - Брегзит. Длабоките поделби само на површина ја истакнаа идентитетската криза на нацијата.
Секретарот за одбрана Гавин Вилијамсон, аспирант да ја замени премиерката Тереза Меј, се повика на империјалистичкото минато на Британија, и повика на отворање воени бази на Далечниот исток и на Карибите, со цел да се закајне улогата на Лондон на светската сцена и да се наметне Британија како вистински глобален партнер.
„Ова е најзначаен момент за нацијата од крајот на Втората светска војна, и можност да се наметнеме со нова ролја на светската сцена“, изјави Вилијамсон во неодамнешно интервју за весник.
Тој не елаборираше за што би служеле армиските предлози за нови бази и како тие би се одразиле врз трговските односи, со оглед дека пост-Брегзит ќе уследи намалување на трговијата со Европа, најголемиот трговски партнер на Британија.
Други, помалку воено ориентирани министри од конзервативната влада на премиерката Меј наговестија дека Британија треба да го следи Сингапур. Шефот на британската дипломатија Џереми Хант, уште еден потенцијален наследник кога Меј може да се повлече или да биде сменета, сака Британија да го копира Сингапур истакнувајќи дека се трансформирал од „мала територија без природни ресурси во осма најбогата земја во светот“.
Од друга страна, лидерот на Лабуристите Џереми Корбин предупредува дека примерот на Сингапур, ќе ја претвори Британија во рај за затајувачите на данок и меѓународната елита. Други критичари предупредуваат на принципот на „казина - капитализам“ и менаџери од сомнителни инвестициски фондови.
Откако Британците со благо мнозинство гласаа на референдум за излез од 45-годишното членство во ЕУ, владата на премиерката Меј, предводена од тврдокорните поборници за Брегзит, гледаат на излезот на Британија како голема можност што ќе и` овозможи на Британија „златна судбина ослободена од правила и регулативи“.
Поранешниот секретар за надворешна политика Борис Џонсон ги повика Британците да „не се плашат да излезат од затворот на ЕУ“, и да побараат подобра иднина надвор од Европа, за која вети дека е „посончева“. Минатиот месец, за време на дебатата во британскиот Парламент, британскиот опозиционер Роџер Гејл се потсмеваше на изјавите на Џонсон, и побара да ги објасни „големите идеи“.
Наративот „Глобална Британија“ треба да ги оправда очекувањата во британската јавност, вели Тибо Харис, академик при Универзитетот Сорбона во Париз, за британската улога во светот по најавата за Брегзит на 29-ти март.
„Таквиот наратив, напротив, само ја потврдува растечката изолација на Британија на меѓународната сцена“, вели Харис. Тој додава дека идејата на Меј за „Глобална Британија“ е носталгија по нацијата која била една од водечките сили и можела сака да стои на своето, но денес, ја цитираше позната мисла на државниот секретар Дик Акенсон од 1962-ра, дека Британија ја загубила ролјата и мали се шансите повторно да се пронајде во улогата на Империја“.