Осомничениот бомбаш од Бостон конечно пред суд

Во моментов се избира порота што ќе му суди на Џохар Царнаев

Започна процесот на избор на порота против осомниченот во бомбашкиот напад во бостонскиот маратон Џохар Царнаев.

Минатата недела, Апелациониот суд го отфрли барањето на адвокатите на Царнаев за одложување на судскиот процес или, пак, процесот да се префрли на друга локација.

21-годишниот Царнаев се соочува со 30 обвининија, вклучувајќи заговор и користење оружје за масовно уништување, во убиството на три лица, и ранување на повеќе од 260 со две бомби од домашно производство на на линијата на завршување на трката, на 15-ти април 2013-та.

Царнаев исто така е обвинет дека убиството на универзитетки полицаец, три дена по бомбашкиот напад на маратонот.

Доколку биде прогласен за виновен, може да му биде изречена смртна казна. Тој се изјасни за невин.

Џохар Царнаев е натурализиран американски државјанин со потекло од Северен Кавказ во Русија. Неговиот брат Тамерлан Царнаев беше застрелан во престралка со полицијата во обид да ја напушти областа.