Македонски банкар во Њујорк: Владее чувство дека сите сакаат што поскоро да заврши кризата и да се вратат на работа

Your browser doesn’t support HTML5

Подзаспа градот што не спие: Интервју со Борјан Пановски, Македонец во Њујорк

Во Њујорк, кој е еден од најпогодените градови во САД од ширењето на коронавирусот, животот продолжува со нормално темпо, иако се е забавено, вели Борјан Пановски, Македонец кои веќе неколку години живее во Њујорк со семејството.

Во Њујорк владее чувство дека сите сакаат што поскоро да заврши кризата и да се вратат на работа, вели овој банкар кој работи во секторот за инфраструктурни проекти. „Супермаркетите се снабдени, нема големи редици по првичната реакција на јавноста масовно да купува намирници“, вели Борјан Пановски за Гласот на Америка на македонски.