Бајден: До крајот на мај, секој возрасен Американец ќе има можност да се вакцинира против Ковид-19

„Подобри денови се пред нас“, увери првиот човек на САД

Американскиот претседателот Џо Бајден го донесе првото телевизиско обраќање до нацијата од Белата куќа во ударен вечерен термин пренесуван преку главните кабелски оператори, за да ја одбележи годишнината од почетокот на рестриктивните мерки поврзани со пандемијата со Ковид-19 во САД, но и да ги најави правецот и темпото до целосно искоренување на вирусот.

„До вечерва, точната бројка на починати од Ковид–19 изнесува 527.726, што е повеќе, заедно од жртвите во Првата, Втората светска војна, војната во Виетнам и нападите на 11-ти септември“, изјави Бајден.

Бајден повика ги повика Американците да се вакцинираат

Претседателот ги повика сите Американци да се вакцинираат против коронавирусот, кога ќе дојде нивниот ред.

Ако сите имаме свој удел, и самите учествуваме во процесот, до 4-ти јули, има голема шанса, заедно со семејствата да може да го прославите Денот на Независноста, со скара, пријателите и семејствата.
Бајден, претседател на САД


„Ако сите имаме свој удел, и самите учествуваме во процесот, до 4-ти јули, има голема шанса, заедно со семејствата да може да го прославите Денот на Независноста, со скара, пријателите и семејствата. „Тоа не значи големи собири, туку со помал број на блиски, со што Денот на независноста, би бил специјален настан“, рече Бајден.

Претседателот, кој одбележува 50 дена откако дојде на функција, се осврна кон економската помош и како таа ќе се одрази врз американските домаќинства, кои една година се соочуваат со последиците од пандемијата, при која починаа над 527.000 лица, а 29 милиони беа заразени.

Бајден призна дека многу Американци ја загубиле „вербата во демократијата“ и во владата, за време на пандемијата.


„Од ова место, порачувам, веројатно го слушнале тоа многу странски лидери, но и домашни: Никогаш не е добитна формула да се обложувате против американскиот народ. „Америка секогаш се враќа, посилна! – порача врховниот командант на САД.

SEE ALSO: Истражување: Еден од пет Американци загубиле близок од Ковид-19

„Има вистинска причина за надеж“, рече Бајден, кој се очекува утре законот да го промовира со патување во Пенсилванија, додека потпретседателката Камала Харис се очекува да отпатува во Калифорнија, Колорадо и Невада, следната недела.

Единствен начин да се поврати економијата на здрави нозе е да се победи вирусот. Тоа е приоритет.
Бајден, претседател на САД


„Единствен начин да се поврати економијата на здрави нозе е да се победи вирусот. Тоа е приоритет“, рече Бајден и ја повтори содржајната стратегија за вакцинирање на целото населението, но и го поздрави здружувањето на конкурентите од фармацевтскиот свет, Џонсон и Џонсон и Мерк да во производство на 100 милиони дози.

Бајден најави 100 милиони дози на вакцини во првите 60 дена од мандатот

Од преземањето на власта на 20-ти јануари, Бајден најави 100 милиони дози во првите 100 дена. „Тој праг ќе го постигнеме за првите 60 дена. .До 1-ви мај, најави, секој возрасен Американец, да може да добие вакцина“, најави претседателот на САД.

SEE ALSO: Економскиот пакет од 1,9 трилиони долари треба да спаси животи и да им даде надеж на граѓаните, рече Пелоси

„Нема да запрам, додека не го победиме вирусот, рече Бајден и побара поддршка од американскиот народ да помогне и кога секому ќе дојде редот – да добие вакцина.

Се осврна на развојот на вакцината и дистрибуцијата, која ја нарече „вистинско чудо на медицината“, како и неодамнешното слетување на Роверот на Марс, но и Американскиот економски пакет.

Ги повтори препораките од Центарот за контрола на болести ( ЦДЦ) – „Носете маски, мијте ги рацете, држете растојание“, побара претседателот до своите сограѓани во обраќањето до нацијата.

Претседателот го заврши обраќањето со молитва за обединување на нацијата.

„Да се обединиме заедно, да ја обновиме заедничката заложба и детерминираност, кон нашата држава, порача Бајден.