Поздравување на одлуката на Брисел за финансиска помош за регионот за справување со Ковид-19, воспоставување редовна и засилена соработка меѓу епидемиолозите и експертите за јавно здравје за подбор менаџирање на ситуацијата – ова се дел од заклучоците во заедничката изјава што произлезе од денешната видео-конференција на министрите на Грција, Бугарија, Словенија, Романија и шефовите на дипоматиите од регионот. На состанокот, инициран од македонскиот и грчкиот министер Димитров и Дендиас, се зборувало и за клучното прашање на отворање на границите, кои се уште се блокирани поради пандемијата.
„Се договоривме во секторите туризам да работиме и да се координираме и во наредниот период да видиме како постепено да се отвораат границите, а притоа тоа да не наштети на националните напори, на јавното здравје“Никола Димитров
„Разговаравме како ги олеснуваме мерките и како сите земји и како регион и како поширок регион ја ставаме пандемијата под контрола на некој начин. За тоа како олабавувањето на мерките треба да биде координарано, зборувавме за границите. Европската комисија, го имавме комесарот Вархеји, но и други претставници од Брисел, изрази спремност да го вклучи регионот во имплементацијата на пакетот што го претстави на 13 мај, во делот на транспорт и туризам. Се договоривме во секторите туризам да работиме и да се координираме и во наредниот период да видиме како постепено да се отвораат границите, а притоа тоа да не наштети на националните напори, на јавното здравје.“, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи на Северна Македонија.
Според Димитров, поради состојбата која се уште не е нормализирана, нема конкретен датум за отворање на границите. Европската комисија препорача до 15 јуни, Унијата да ги држи своите граници затворени за несуштински патувања.
На денешниот состанок било добиено уверување дека со смирувањето на ситуацијата Унијата ќе го земе предвид значењето на тоа нејзините граници да останат отворени за граѓаните од Западен Балкан.