Австралискиот град Мелбурн ги олеснува строгите прописи за жителите поради Ковид-19

Со нула нови позитивни случаи, Ендрујс изјави дека „сега е време повторно да отвориме“.

По повеќе од три месеци стриктни рестрикции поради ширењето на вирусот со вториот бран на Ковид-19, животот во вториот град по големина во Австралија полека се враќа во нормала.

SEE ALSO: ОН бараат гаранција вакцината против ковид-19 да биде достапна за секој и секаде, рече Гутереш

Премиерот на Викторија Даниел Ендрујс најави дека од утре сите пет милиони жители на Мелбурн ќе може да ги напуштат домовите до полноќ, а сите ресторани, барови и хотели, повторно ќе отворат.

Со нула нови позитивни случаи, Ендрујс изјави дека „сега е време повторно да отвориме. Им честитам на жителите дека успеаја да бидат доследни на почитување на мерките“ рече тој.

Тој наговести дека мерките за ограничување на патувањето до 25 километри од местото на живеење, ќе бидат укинат на 8-ми ноември, и ќе им овозможи на луѓето во Мелбурн да патуваат и до руралните делови од државата Викторија.