Првите жени на финансискиот сектор на Северна Македонија, министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска - Бежоска говорат за атмосферата на годишните Есенски средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон каде учествуваат највисоки претставници и експерти од 189 земји во светот. Македонската економија е во добра кондиција и реални се очекувањата земјата да стаса до 3,5 отсто, вели Ангеловска.
Буџетскиот дефицит се задржува на ниво од 2,7 проценти, а ревидираната проекција за економски раст е 3, 2 отсто за Северна Македонија. Има значителен пораст на странските инвестиции по завршувањето на политичката криза пред 3 години, рече Ангеловска - Бежоска.