Втор мандат за авганистанскиот претседател Гани

Гани ги поздрави резултатите и рече дека мировниот договор со Талебан ќе биде негов приоритет

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани освои втор мандат и го порази лутиот ривал со повеќе од 10 проценти од гласањето.

Гани ја објави победата синоќа, откако изборната комисија ги објави конечните резултати од гласањето во септември 2019-та. Обвинувањата за лажирање од неговиот политички ривал Абдула Абдула водеа до пребројување на гласовите.

Лутиот ривал Абдула Абдула

Абдула кој има функција на извршен шеф на Авганистан под мандатот на Гани и ја дели власта со него, изјави дека тој победил на изборите.

Гани ги поздрави резултатите и рече дека мировниот договор со Талебан ќе биде негов приоритет.

Талебан ја оцени победата на Гани нелегална и против мировниот процес.

САД во моментов преговара за Договор за повлекување со Талебан.