Ученик во Санта Фе отворил оган на час по ликовно во средното училиште Санта Фе во Тексас и усмртил најмалку 10 лица, соопштија властите. Напаѓачот е во притвор, а според медиумските извештаи, било приведено уште едно лице.
Претседателот Доналд Трамп го осуди, како што го нарече „ужасниот напад“ еден од многуте „коишто предолго се случуваат во нашата земја“. Тој вети побезбедни училишта, „а оружјето да се држи надвор од рацете на оние кои претставуваат закана за себе или за другите“.
Се верува дека голем дел од загинатите се ученици.
Сведоци изјавија дека многу ученици успеале да се засолнат во соседната работилница за поправки на автомобили.
Властите соопштија дека во инцидентот биле повредени 10-тина лица, а околу четири лица се хоспитализирани и се наоѓаат во критична состојба.
Ова е 22-ро вооружено насилство во училиштата ширум САД, оваа година.