Извршниот директор на Институтот Мекејн и поранешен амбасадор на САД во НАТО, Курт Вокер, за Гласот на Америка вели дека е разочаран што не го слушнал мислењето на повеќе граѓани на референдумот.
„Охрабрен сум од процентот на поддршка на оние кои гласаа ЗА, но сакав повеќе граѓани да гласаа“, изјави Вокер.
Дали исходот од референдумот негативно се одразува врз членството на Македонија во НАТО? Вокер со став:
„Прерано да се каже. Се уште може да се изоди патот кон ЕУ и НАТО и да се усвои Договорот со Грција. Ако повеќе од 50% гласаа, ќе беше сигурно. Сега на ред е парламентарната постапка. Се надевам дека Македонците ќе се издигнат над партиските разлики и ќе ја земат во предвид долгорочната национална безбедност“, истакна Вокер.
За него, Договорот од Преспа е шанса која не смее да се отфрли:
„Ако договорот се одржлив, и Македонија успее да постигне договор со Грција, а Грција ја подржи за членство во НАТО и во ЕУ, тоа ќе биде историско достигнување на сите луѓе во Македонија. Се` уште може да се надеваме“, изјави поранешниот амбасадор на САД во НАТО.
Конечната одлука на Македонија ќе се одрази врз генерации Македонци во кој правец ќе оди државата, и влогот е голем - предупреди Вокер.
„Затоа Русија е против Македонија да го прифати Договорот со Грција. Русија очајно се обидува да влијае врз гласањето и исходот. Затоа сакаат да ја држат Македонија надвор од ЕУ и НАТО. Не им е битна толку Македонија, туку важно им е НАТО да биде подалеку од нив, и да биде поделен“, истакна дека тој.
Поранешниот американски амбасадор потсети дека Русија смета дека членството на Македонија во НАТО ќе се одрази врз нивните национални безбедните интереси и затоа ја користи секоја можност да го попречи тоа.