„Во Њујорк има премалку тестови во болниците и лекарите очекуваат пациентите да имаат само видливи симптоми. Тестовите во Њујорк, сега ги приоретизираат за здравствените работници, за да можат да се вратат на работа, но се надева дека наскоро ќе бидат на располагање секому. “ опишува Смилевски, зошто само неговата сопруга била веднаш тестирана, но не и тој, при итната посета во болница со симптоми на коронавирус. Иако сопругата Ерика е тестирана пред повеќе од две недели, резултатите стасуваат бавно, поради напливот со нови заразени во Њујорк, открива Смилевски и додава се надева дека најтешките денови во семејството се зад нив.
Искуство на Македонец со коронавирус во Њујорк – се тестираат само со видливи симптоми
Your browser doesn’t support HTML5
Ерика е адвокат, а Здравко развива програми за континуирано образование за здравствените работници во САД. Семејството Смилевски со двете ќерки, живее во Њујорк од 2004-та. Kоронавирусот ги затекнал дома.