Министерот за надворешни работи на РМ по средбата со грчкиот колега изјави дека сега нема политичка клима да се бара решение за името
Интегрално интервју за Гласот на Америка на македонски со министерот за надворешни работи Никола Попоски на маргините на Генералното собрание на ОН - за прашања за бегалската криза, претстојните избори во Македонија, но и за очекувањата од претседателската трка во САД.
И покрај ветувањето од Кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов за ексклузивно интервју за Гласот на Америка, во последен момент претседателот го откажа разговорот.