Францускиот нон-пејпер пристигна, засега само анализи на содржината

Your browser doesn’t support HTML5

Документот на неколку страници содржи четири нови насоки што ги предлага Франција - постепено придружување, построги услови, поконкретна корист и реверзибилност на процесот на пристапување

Земјите-членки на ЕУ засега се воздржуваат од коментари во јавноста за францускиот нон-пејпер кој предвидува нова методологија во пристапувањето на нови држави. Документот изготвен во Париз, во петокот бил диструбиран до европските престолнини, меѓу кои и Стокхолм.

Шефицата на шведската дипломатија денеска во Скопје потврди дека го добиле францускиот документ, го виделе, но и дека се уште траат анализите за неговата содржина

Документот содржи четири нови насоки што ги предлага Франција - постепено придружување, построги услови, поконкретна корист и реверзибилност на процесот на пристапување


„Документот се уште не е целосно анализиран. Наша позиција е дека би сакале да видиме реформирање на начинот на пристапување. Затоа ја поздравуваме оваа иницијатива, но засега не сум подготвена за документот да зборувам во детали. Шведска го поздравува значајниот напредок во реформата на судството, борбата против корупцијата, како и реформата во разузнавачкиот систем. Клучно е С. Македонија да ги продолжи реформите. Преспанскиот договор е од суштинско значење за пропсеритетот на регионот, исто како и конструктивната улога на С. Македонија“, рече шведската министерка Ан Линде.

Таа додава дека е свесна за разочараност во земјава откако врвот на ЕУ успеа да усогласи одлука за почеток на преговори. Она што Линде сега можеше да го каже е дека Шведска останува поддржувач на интеграциите на регионот и покрај воздржаноста на некои други членки, како на пример Франција. Нон-пејперот на Париз стигнал и во Скопје.

„Нон-пејперот сè уште е предмет на анализи. За него ќе се разговара веќе утре на претстојниот Совет за општи работи. Македонските граѓани и немаат што да загубат ако има повеќе стриктност во преговорите. Клучно е што тој процес на крајот предвидува членство“, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Францускиот амбасадор во земјава денеска потврди дека нон-пејперот, освен што е предаден на земјите-членки, е доставен и до македонската влада. Според Тимоние, Париз ги очекува реакциите на европските престолнини, но и на Скопје за документот кој на неколку страници ги содржи 4 нови насоки што ги предлага Франција - постепено придружување, построги услови, поконкретна корист и реверзибилност на процесот на пристапување.