Земјотрес ја погоди Алјаска, објавено предупредување за цунами

Земјотрес ја погоди Алјаска утринава по локално време. Како што јави Асошиејтед прес, земјотресот бил со јачина од 6,6 степени, а епицентарот бил на 12 километри од Анкориџ, најголемиот град на Алјаска.

Кратко после потресот е објавено и предупредување за цунами на јужното крајбрежје.

На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од оштетени објекти, паднати дрвја и скршени излози во продавници.

Засега нема информации за повредени лица.