Случувањата на првата претседателска дебата 2024 година меѓу претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп. По источно летно сметање на времето:
22:45 часот: Завршни зборови на кандидатите
Претседателот Џо Бајден ја започна својата завршна изјава со глас кој беше уште порапав од претходно и на моменти тешко можеше да се разбере.
Тој за неговата администрација рече: „Постигнавме значителен напредок од дебаклот што го остави претседателот Трамп во неговиот последен мандат“.
Во својата завршна изјава поранешниот претседател Доналд Трамп се обиде да го здружи Бајден со други политичари од кариера, кој за Бајден рече дека „се жали“.
Тој исто така рече дека јавноста и странските лидери не го почитуваат Бајден, на кој му рече: „Целата земја експлодира поради тебе“.
- Асошиетед прес
22:33 часот: Чудни теми на крајот од дебатата
Новинарите на Њујорк Тајмс кои ја следеа дебатата забележаа дека на крајот темите се малку чудни.
Кејти Роџерс: Овие последни минути од оваа дебата се чувствуваат малку надреално. Теми: Способност за голф. Обвиненија. Трета светска војна. Гласачите беа многу незадоволни од нивниот избор на оваа дебата и тешко е да се замисли дека ова беа смирувачки 90 минути.
Алан Рапепорт: Трамп потсети на когнитивните тестови што ги полагаше како претседател и го осмели Бајден да го стори истото.
Двајцата кандидати потоа зборуваа за нивните физички и спортски атрибути.
Трамп во еден момент рече: „Да не бидеме деца“. Бајден одговори: „Ти си дете“.
10:24: часот: Нема зборење за време на паузата за реклами
Репортер од Белата куќа, кој ја следи дебатата, кој можеше да влезе во студиото каде се одржува дебатата само за време на паузите за реклами, поради правилата на Си-Ен-Ен, известува дека кандидатите гледале пред нив и не зборувале и не се гледале за време на паузата за рекламите.
21:59 часот: За прв пат се кажа тоа што Трамп беше прогласен за виновен за случајот со премолчени пари
Речиси 45 минути по дебатата, претседателот Џо Бајден се повика на тоа што поранешниот претседател Доналд Трамп беше прогласен за виновен за кривично дело во Њујорк.
За време на дебатата околу упадот од 6 јануари 2021 година, Бајден рече: „Единствената личност на оваа сцена што е прогласен за виновен е човекот што го гледам во моментов“, рече Бајден мислејќи на Трамп.
Трамп потоа се обиде да се оттргне од сопствените прекршувања на закон, нарекувајќи го синот на Бајден, Хантер Бајден, како „осуден криминалец“.
Тој се осврна на одлуката на поротата која овој месец го прогласи за виновен синот на Бајден за кривично дело за три обвиненија за огнено оружје.
- Асошиетед прес
21:56 часот:
Поранешниот претседател Трамп го обвини претседателот Бајден за војната во Украина, велејќи: „Да имавме вистински претседател, претседател кој знаеше дека (рускиот претседател Владимир) Путин го почитува, тој никогаш немаше... ...да ја нападне Украина“.
Откако Трамп рече дека може да го реши руско-украинскиот конфликт пред да ја преземе функцијата, Бајден возврати дека Путин нема да запре во Украина. „Што мислите дека се случува со тие земји од НАТО?“, праша тој. Бајден, исто така, ја бранеше НАТО алијансата и ја презеде заслугата за покажаното единство што следеше по руската инвазија на Украина во 2022 година. „Патем, добив 50 други нации ширум светот што ја поддржуваат Украина“.
21:55 часот: Александар Вард од Политико забележа: „Изненадувачка вредност за надворешна политика во првиот час, а уште поизненадувачки е што Авганистан се дискутираше пред Украина. Но, уште пошокантно е што Кина - земјата која и двајцата ја сметаат за најголема закана за Америка - едвај се спомна можеби зашто и двајцата генерално се согласуваат за потребата да се спротивстават на Кина во Јужното Кинеско Море, технолошката област и битката за глобално лидерство.
21:50 часот: Впечатоци од првата половина на дебатата
Ројтерс ги има овие информации од првичните прашања до кандидатите
Без ракување, рапав глас
Двајцата мажи, кои не го кријат својот презир еден кон друг, не се ракуваа пред почетокот на дебатата. Бајден често го нарекуваше Трамп како „овој човек“ за време на неговите изјави.
Бајден, со рапав глас, го обвини Трамп дека од него наследил „страшна“ економија како одговор на првото прашање на модераторите за зголемените цени што ги плаќаат потрошувачите.
Трамп одговори дека справувањето со ковид-19 од страна на Бајден е „катастрофално“ и рече дека инфлацијата „апсолутно нѐ убива“.
Тој вината за уништување на економијата и неговиот неуспех за реизбор ја гледа во пандемијата. „Сѐ беше добро“, рече тој.
Губење на мислата
Бајден (81) се чинеше дека ги изгуби мислите додека одговараше на прашање за националниот долг.
Неговиот глас постојано трепереше, Бајден прво ги нарече „милијардерите“ како „трилионери“, па се коригираше.
Потоа, додека се расправаше за тоа дали богатите треба да платат повеќе данок, се чинеше дека не можеше да ја заврши својата реченица, паузираше на подолг момент кој изгледаше непријатно, пред да ја заврши својата мисла – што звучеше бесмислено. Даночната реформа ќе создаде пари за да помогне во „зајакнувањето на нашиот здравствен систем, осигурувајќи дека ќе можеме да го направиме секое осамено лице подобно за она што можев да го направам со, со ковид, извинете, да се занимаваме со сè што имавме да се направи со...“, кажа Бајден пред да застане со мислата.
„Конечно го победивме ‘Medicare’“, рече Бајден, најверојатно мислејќи на ковид-19.
Трамп (78) дофрли.
„Во право е. Тој навистина го победи ‘Medicare’“.
21:44 часот: Бајден и Трамп за имиграцијата и границите на САД
Поранешниот претседател Доналд Трамп се пожали дека мигрантите кои илегално пристигнуваат во земјата се сместени во „луксузни хотели“ додека ветераните се на улица.
Очекувано, тој се потпираше на криминалот со мигрантите. Исто така, рече дека мигрантите илегално доаѓаат во САД од „ментални институции“ и „лудници“. Тој не обезбеди докази за тоа тврдење, кое често го изнесуваше на митинзи..
Трамп, исто така, рече дека ја има „најбезбедната гранична граница во историјата“ - многу сомнително тврдење кое потојано го говори.
Претседателот Џо Бајден се задржа на имиграцијата, истакнувајќи 40% пад на апсењата за илегална имиграција откако издаде извршна наредба за суспендирање на азилот.
Само 3 од 10 Американци го одобруваат начинот на кој Бајден се справува со имиграцијата, според анкетата на „AP-NORC“ од јуни. Околу 6 од 10 демократи го одобруваат пристапот на Бајден кон ова прашање, но само околу 2 од 10 независни и помалку од 1 од 10 републиканци се согласуваат.
- Асошиетед прес
21:28 часот: Прашањето за абортус
Претседателот Бајден рече дека поранешниот претседател Трамп е виновен за напливот од сојузни државни кои имаат ограничувања за абортусот.
Како претседател, Трамп назначи тројца судии во Врховниот суд на САД кои помогнаа да се формира мнозинството што го поништи уставното право на абортус - и тој ја презеде заслугата за тоа за време на неговата кампања.
Истакнувањето на врската на Трамп со влијанието врз бремените низ САД стана камен-темелник на кампањата на Бајден. Бајден, исто така, предупреди дека вториот мандат на Трамп може да доведе до ограничувања на абортусот на национално ниво.
21:25: Асошиетед прес: Трамп и Бајден кажаа повеќе фактички грешки
И Џо Бајден и Доналд Трамп направија повеќе грешки со фактите за време на дебатата во четвртокот.
Бајден ја започна својата дебата со гаф, тврдејќи дека отворил 15 000 работни места. Точната бројка е повеќе од 15 милиони.
Бајден, исто така, рече: „Тоа се 15 долари за инсулин, наспроти 400 долари“. Но, трошоците за инсулин од џеб за повозрасните Американци беа ограничени на 35 долари со Законот за намалување на инфлацијата од 2022 година што претседателот што го потпиша Бајден. Ограничувањето стапи на сила минатата година, кога многу производители на лекови објавија дека ќе ја намалат цената на лекот на 35 долари за повеќето корисници.
Трамп рече дека економијата на САД е подготвена да започне да го плаќа својот национален долг пред пандемијата. Тоа не е точно. Буџетските дефицити се зголемуваа за време на Трамп бидејќи неговите даночни намалувања во 2017 година не се исплатија како што тој вети. Трамп наследи буџетски дефицит од 585 милијарди долари и тој се искачи на 984 милијарди долари во 2019 година, за да се искачи над 3 трилиони долари во 2020 година по ударот на пандемијата, според Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа.
Тврдењето на Трамп дека во земјата биле примени „милиони“ кои биле во затвори и ментални институции е неосновано. Нема докази за тоа.
- Асошиетед прес
21:15 часот: Прво прашање: економијата
Бајден детално ја опиша американска економија „во брз пад“, додека Трамп се фалеше со економската состојба додека беше на функцијата, како и со неговото справување со пандемијата.
Околу 3 од 10 Американци велат дека економијата е најважниот проблем со кој се соочува земјата во анкетата на Галуп,.
Околу 1 од 10 укажале конкретно на високите трошоци за живот или инфлацијата. Околу 2 од 10 Американци изјавиле дека имиграцијата е главниот проблем со кој се соочува земјата, а други 2 од 10 рекле дека владата/лошото раководство е најважниот проблем.
21:07 часот Потенцијалниот кандидат за потпретседател на Трамп е во зградата
Републиканците кои себеси се гледаат како најверојатен избор на Доналд Трамп во изборната трка за негов потпретседател ќе бидат меѓу оние што ќе зборуваат во негово име пред медиумите по дебатата во четвртокот.
Сенаторот од Охајо Џеј-Ди Венс, гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум, сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот и сенаторот од Флорида Марко Рубио, ќе се залагаат за Трамп во анализата по дебатата, вели лице запознаено со планот, кое не е овластено да зборува јавно.
Се смета дека сите тие се во потесениот избор на Трамп за потенцијален партнер и нивните настапи вечерва се очекува да бидат фактор во евентуален нивен избор за кандидат за потпретседател на САД.
- Асошиетед прес
20 часот: Оваа дебата е шанса за двајцата кандидати да ги убедат неопределените гласачи.
Бајден, актуелен демократски претседател, има можност да ги увери гласачите дека на 81 година тој е способен да ги води САД низ низа предизвици.
Во меѓувреме, 78-годишниот Трамп би можел да го искористи моментот за да се обиде да ја надмине својата пресуда за кривично дело во Њујорк и да ја убеди публиката од десетици милиони дека е погоден да се врати во Овалната соба.
На дебатата во четврток во Атланта некои работи се слчуваат за првпат - никогаш досега не се соочиле двајца кандидати за Белата куќа на толку напредна возраст, и никогаш досега Си-Ен-Ен не бил домаќин на претседателска дебата за општи избори.
- Асошиетед прес
Your browser doesn’t support HTML5