Во напад со воен дрон загинаа 85 луѓе во нигериско село

Претседателот повика на истрага за „многу несреќен, вознемирувачки и болен“ инцидент во северната држава Кадуна

Нигерискиот претседател Бола Тинубу повика на истрага за нападот со воено беспилотно летало викендов во кој загинаа 85 луѓе.

Смртоносниот напад се случи во селото Тудун Бири во северната држава Кадуна во неделата за време на прослава на муслимански празник.

Во нападот беа ранети и десетици селани.

Кабинетот на претседателот Тинубу издаде соопштение во кое ја изразува својата тага поради инцидентот, кој тој го нарече „многу несреќен, вознемирувачки и болен“.

Нигериските воздухопловни сили негираат каква било вмешаност во нападот во неделата.

Нигериската војска користеше беспилотни летала во нивната битка против исламските екстремисти кои водеа бунтовничка кампања во североисточниот и северозападниот дел на земјата неколку децении.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, Ројтерс, агенцијата Франс прес.