МОСКВА (АП) - Деловен авион на пат од Москва кон Санкт Петербург се урна денеска, при што загинаа сите 10 лица во авионот, соопштија руските власти за вонредни состојби. Началникот на платениците Евгениј Пригожин бил на списокот на патници, велат официјални лица, но се уште нема потврдени информации.
Непотврдени медиумски извештаи велат дека авионот му припаѓал на Пригожин, основач на приватната воена компанија Вагнер.
Рускиот регулатор за цивилна авијација, Росавијација, рече дека Пригожин е на списокот на патници но, не се знае дали се качил на летот.
Руската државна новинска агенција Тас ги цитираше службите за вонредни состојби кои велат дека во авионот имало тројца пилоти и седум патници. Властите соопштија дека ја истражуваат несреќата, која се случила во регионот Твер на повеќе од 100 километри северно од Москва.
Пригожин, чии приватни воени сили се бореа заедно со руската регуларна армија во Украина, организираше краткотраен вооружен бунт против руското воено раководство кон крајот на јуни. Кремљ соопшти дека тој ќе биде протеран во Белорусија, а неговите борци или ќе се пензионираат, ќе го следат таму или ќе се приклучат на руската војска.
Белата куќа рече „претседателот е брифиран за пријавената авионска несреќа во Русија“.
Извор: АП