Од малото Вевчани до националната награда на Италија за сликарство, која ја освојува во 2023 година. Ова е патот на Аница Китаноска, млад македонски уметник, која во 2021 година дипломирала на академијата за убави уметности во Равена, како визуелен уметник и мозаичар, каде ги прoдолжува и постдипломските студии. На мозаикот со кој ја добива оваа награда, работела 80 дена и е со мотиви од нејзиното родно Вевчани.
„Во 2023 година мојата уметност беше препознаена со национална награда за сликарство во Карара Италија под раководство на Министерството за универзитетско истражување. Мојот мозаик доби награда за сликарство. Оваа награда беше знак за мојата ангажираност кон уметноста. Ме мотивира да продолжам да се развивам во мојата уметност“, вели Аница.
Каде и да оди од Вевчани никогаш не се откажува. Тоа е вели нејзина постојана инспирација.
„Мојата главна инспирација во моите дела е моето родно место Вевчани, каде целиот мој живот сум опкружена со природа и тоа место е извор на мојата инспирација. Сите мои дела го одразуваат тоа со фокус на пејзажите“, вели Аница.