За Хонг Фам, животот во Виетнам во споредба со животот во САД е како ден и ноќ.
„Животот тогаш беше многу тежок. Заработував за живот како возач на рикша патувајќи меѓу градови во јужен Виетнам“, вели Фам.
Кога комунистите го презеле Сајгон во 1975 година, Фам бил испратен во камп за превоспитување за да служи во војската на Јужна Виетнам. Тој на крајот отишол во САД на хуманитарна програма.
Но, сега нов бран Виетнамци влегуваат во САД преку јужната граница. Бројките скокнале од нешто помалку од 300 во 2022 година на повеќе од 3.000 во 2023 година, според Царината и граничната заштита на САД. Досега оваа година, повеќе од 3.200 мигранти се обиделе да преминат во САД.
Адвокатот Шендон Фан е во контакт со некои од нив.
„Ако луѓето не се сосема образовани и слушаат лажни вести за тоа колку е лесно, тие играат со сопствениот живот и со трговијата со луѓе, мрежи кои ќе наметнат голем долг на нивното семејство“, вели адвокатот Фан.
Фан вели дека многу мигранти плаќаат десетици илјади долари на трговците со луѓе за да го направат опасното патување од Виетнам до Кина, потоа Европа, Јужна Америка и во САД. Имиграцијата стана жестоко дебатирано прашање во овогодинешната претседателска трка во САД.
„Не мислам дека има несогласување околу фактот дека има проблеми со нашиот имиграциски систем. Дебатата е навистина за тоа што да се направи во врска со тоа. Администрацијата на Трамп сака да ги намали бројките. Демократската администрација сака да намали, но навистина подобро да се регулира“, посочува Џереми Сури од Универзитетот на Тексас, во Остин.
За жителот на Тексас Мин Ле, имиграцијата е проблем што тој лично го почувствувал.
„Јас сум имигрант, така што сочувствувам со тие имигранти. Но, секоја земја има своја граница. Луѓето кои доаѓаат овде треба да ги следат законите и Уставот. Тексас е силно погоден од приливот на илегални мигранти и сега имам загриженост за излегување ноќе“, вели Ле.
„Оние кои бегаат од комунизмот имаат легитимна причина да бидат во САД. Јас не сум за давање азил на оние кои доаѓаат овде нелегално поради економски причини“, посочува Хонг Пам, виетнамска Американка.
Додека ставовите на Фам ги повторуваат оние на постарите републиканци во виетнамската заедница, некои помлади виетнамски Американци не се согласуваат.
„Мајка ми е поконзервативна. Таа е една од оние луѓе што сака луѓето да дојдат овде легално. И јас го сфаќам тоа. Таа го занемарува фактот дека сите само сакаат да дојдат овде и да имаат подобар живот“, посочува Џесика Хујн,, виетнамска Американка.
„Секогаш кога некој има можност да биде тука, ќе направи што може. Мене не ми пречи тоа, но мора да бидете како нас. Да плаќате даноци, да бидете добри граѓани“, укажува Лана Нгујен, виетнамска Американка.
Мигрантите кои успеале да стигнат овде живеат во неизвесност, надевајќи се дека ќе најдат работа и чекајќи да видат дали следниот претседател ќе дозволи да останат.