Виетнамска дисидентка која беше притворена заради оцрнување на комунистичката влада во нејзин блог, го прослави првиот ден на слобода на американска територија.
Нгујен Ндок Ну Куинг беше опкружена со поддржувачи, членови на семејството и новинари при пристигнувањето на Меѓународниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон, Тексас. Таа од Виетнам пристигна со нејзините две малолетни деца и нејзината мајка.
Таа блогираше под псевдоним пишувајќи за човековите права и индустриското загадување пред да биде уапсена во октомври 2016-та година и осудена на 10 години затвор.
Нејзиното ослободување се совпадна со посетата на секретарот за одбрана на САД, Џим Матис на Виетнам.
Стејт департментот соопшти дека Куинг барала да дојде во САД. Самата на пристигнувањето изјавила дека „никој не се грижи повеќе за човековите права“ отколку САД.
Нејзиното случај доби меѓународно внимание откако минатата година во отсуство и` беше доделена Меѓународната наградата за храбра жена од страна на првата дама на САД, Меланија Трамп.