Вака утринава (20 јануари) изгледа американскиот Капитол на само неколку часа пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да положи заклетва како 47. претседател на САД.
Инаугуративната церемонија беше преместена во затворен простор поради студените зимски температури. Трамп ќе положи заклетва, водена од главниот судија на САД Џон Робертс, наплдне. Трамп потоа ќе го одржи своето инаугуративно обраќање.
Околу Капитол има засилено полициски обезбедување, а околу самиот комплекс е поставена заштитна ограда.