Како што се интензивира стратешкото натпреварување меѓу САД и Кина, опасноста од воена конфронтација веќе станува не далеку одметнато сценарио. И покрај тоа што ги препознаваат растечките ризици од голем конфликт на моќта, САД и Кина имаат малку, доколку ги има, ефективни механизми за мирно решавање на нивните разлики.
Денес во американскиот Институт за мир во Вашингтон беше одржана онлајн панел дискусија од водечки американски и кинески безбедносни експерти за предизвиците и можностите поврзани со зајакнувањето на стратешката стабилност меѓу САД и Кина. На настанот се дискуситираше за разликите во перцепцијата и двигателите на конфликтот меѓу САД и Кина во областа на нуклеарните, ракетните, вселенските, сајбер и технологиите во развој. Авторите понудија свои препораки и гледишта за чекорите што САД и Кина можат да ги преземат наскоро за да ја подобрат стратешката стабилност.
Според директорот на Центарот за глобално истражување на безбедноста, Национална лабораторија Лоренс Ливермор, Бред Робертс, Кина и САД имаат иста загриженост но поинакви гледишта. Тој вели дека Кина се’ уште има традиционално гледиште и слаба доверба, додека САД бараат поголема транспарентност, што според него, тешко дека ќе се случи.
Сличен став имаше и Вишиот соработник од Центар за глобална политика на Кина, Тонг Жао, но со пооптимистична изјава дека не верува дека постои ризик околу тоа прашање. Според него, и двете страни треба да гледаат отворено и транспарентно на ваквите предизвици со оглед дека Кина веќе има пракса, а САД имаат повеќе експерти и технологија.
Подобрување на стратешката стабилност со намалување на ризиците од воен конфликт, спречување на дестабилизирачка трка во вооружување и управување со новите технологии и граници на конфликтот, како што се оние во вселената и сајбер-просторот, сега се покритични од кога било за да се осигура дека САД и Кина можат да се натпреваруваат без катастрофални последици, рече професорот Брус Мекдоналд од Факултетот за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џонс Хопкинс. Според него, во ова време и двете страни мора да се фокусираат на вселенскиот отпад кој преставува реална опасност, поголема отколку таа за вооружување.
Слично мислење имаше и Хаотијан Чи, доцент на Факултетот за меѓународни студии во Пекинг кој вели дека единствено преку стратешка стабилност, високи и квалитетни тренинзи и работа на нови технолошки решенија може да подобрат и така веќе затегнатите односи помеѓу Кина и САД.
Според директорката на програмата Североисточна Азија од Центар за хуманитарен дијалог Џингхуа Лиу, без дополнителен напор од двете страни нема да има напредок. Недостатокот од меѓусебна комуникација е клучната компонента која недостасува.
Пораката која авторите ја испратија за чекорите што САД и Кина можат да ги преземат наскоро за да ја подобрат стратешката стабилност беше едногласна, поголема комуникација, транспарентност и поглед кон подобра иднина во развој на нови технолошки решенија.