Шумските пожари досега однесоа два човечки живота
Спасувачките екипи се обидуваат да се справат со големите шумски пожари што го зафатија западниот дел на Оклахома и заради силните ветришта и натаму се шират. Досега животот го загубија две лица.
Изминатава година во областа избиле неколку шумски пожари, а властите соопштија дека во најголемиот од нив била оштетена површина од преку 100.000 хектари.
Гувернерката на Оклахома Мери Фалин објави вонредна состојба за 52 од 77-те општини во сојузната држава, заради актуелната ситуација и заканата од дополнителни пожари.