САД ги слават службата и жртвата на ветераните за слободна Америка

Почнувајќи од 1938-та година, 11-ти ноември се слави како национален празник

САД го слават Денот на ветераните, сеќавајќи се на милиони мажи и жени кои служеле во Армијата, многу често жртвувајќи ги нивните животи.

Претседателот Доналд Трамп, на неговиот Твитер профил напиша дека „на овој ден,100 години од крајот на Првата светска војна, ги славиме храбрите херои кои се бореле за Америка во Светската војна, и секој ветеран, кој носел униформа и ја чувал државата безбедна, силна и слободна“.

Поранешниот претседател Барак Обама, исто така, се заблагодари до сите ветерани и нивните семејства, нагласувајќи дека не постои придонес што може да биде еднаков на нивната служба и жртва.

Денот на ветераните во САД првично беше нарекуван Денот на примирјето, означувајќи го крајот на Првата светска војна, но, во 1926-та година Конгресот донесе резолуција за сеќавање на ветераните.

Секоја година, почнувајќи од 1938-та година, 11-ти ноември се слави како национален празник.

Годинава, официјалното одбележување на празникот е денес, бидејќи 11-ти ноември се падна викендов.